Богдана Родиќ е во брак со синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ. Нејзината сестра Бојана е во врска со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан.
Како што пренесуваат српските медиуми, сега и третата сестра од Родиќ е во врска со син на позната пејачка.
Јован Пејиќ, синот на фолк пејачката Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја е во врска со Наташа Родиќ, пишува ало.рс
Тој на социјалните мрежи објави фотографија со Наташа каде позираат прегрнати покрај базен, а друштво им прават нејзината сестра Бојана и момчето Мирко.
Потсетуваме, неодамна испливаа многу детали од приватниот живот на Наташа Родиќ.