Радио Милева
изненадување или хаос?

И сопругата на Кристијан Голубовиќ влегува во „Задруга 4“, без тој да знае: Дали кога ќе ја види Ивана во шоуто, ќе му се „спојат жичките“? (ФОТО)

И сопругата на Кристијан Голубовиќ влегува во „Задруга 4“, без тој да знае: Дали кога ќе ја види Ивана во шоуто, ќе му се „спојат жичките“? (ФОТО)

Кристијан Голубовиќ наскоро би можел да биде изненаден од неговата сопруга Ивана, која преговара со продукцијата за условите за влегување во реалното шоу „Задруга 4“.

Иако пред да го потпише договорот со продцентите, тој разговараше со својата долгогодишна сопруга и и рече дека во никој случај таа не смее да се согласи да му се придружи, бидејќи тоа би го деконцентрирало во игрите што ги смислил за останатите. Важи за човек кој нема слаба точка, освен кога се работи за неговата сопруга и ќерката. Сè друго се работи на кои жестоко момче е имуно и не влијаат на него. Кристијан затоа би можел да биде изваден од такт со нејзиното влегување и нема да биде добро кога ќе ја види, како што претпоставуваат српските медиуми.
И ако влезе во ова ријалити, Ивана нема да биде до крај, туку таа би влегла само како еден вид „инјекција“, максимум на еден месец и потоа ќе си оди.

„Ивана се плаши како ќе реагира нејзиниот сопруг Кристијан кога ќе ја види. Таа се плаши да не направи некаков хаос. Знае дека тој е одлепен и избувлив и дека нема милост и пардон кон никого кога ‘ќе му се спушти  ролетната’. Ќе мора некој да му објасни  дека таа го сторила тоа за многу пари, зарди финансиска сигурност на детето. Ивана исто така се плаши од односот на другите натпреварувачи кон неа, затоа што знае дека ако некој  малку криво ја погледне, Кристијан ќе му ја скрши вилицата“ – вели добро упатениот извор.

„Парите се клучни, сакам да го изненадам, да види дека сум подготвена на се’ само за да бидам покрај него. Само се плашам од дружење со другите, зашто некој нема да помине добро, ако нешто и најмалку се случи. Тој е подготвен да убие за мене, но јас сум подготвена исто така да го сторам тоа за него. И да одлучам да влезам, не ќе можам да бидам повеќе од еден месец заради детето – ми рече Ивана кога се видовме пред три дена“ – заклучува добро информираниот извор, семен пријател на Голубовиќ.

Фото: Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева