Радио Милева вишок стрес

И се слошило: Поради хаосот околу старателството Северина заврши во болница

И се слошило: Поради хаосот околу старателството Северина заврши во болница

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ била на одмор во Тајланд кога дознала за губењето на старателството над синот Александар.

Имено, Северина штом ја слушнала страшната вест, како што пишуваат тамошните медиуми, веднаш ги спакувала куферите и се вратила во Загреб, за со својот адвокатски тим да ги види следните чекори.

Северина пземала сè многу тешко, пишуваат медиумите, па дури побарала итна медицинска помош во загрепската болница бидејќи и се слошило од стрес.

Вучковиќ не престана да плаче, а со неа цело време беа нејзината мајка, братучетка и блиски пријатели.
На пејачката Северина Вучковиќ Врховниот суд во Хрватска целосно и го одзеде старателството над синот Александар Поповиќ.

Милан и Северина повеќе нема да имаат заедничко старателство, што го одреди Жупанискиот суд во Сплит во 2021 година, но Александар, кој наскоро ќе наполни 12 години, ќе му се врати на својот татко. Таа одлука стапува на сила веднаш, без разлика дали пејачката поднела жалба, објави Национал.

фото:Instagram printscreen/severina

To top