Манекенката Ирина Шајк привлече огромно внимание на трката во Формула 1 со својот по малку смел стајлинг, кој предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Руската манекенка која се прослави со врската со познатиот голгетер Кристијано Роналдо, а подоцна и со импресивната кариера како супермодел, Ирина Шајк, беше една од посетителите на Формула 1 трката минатиот викенд, каде привлече значително внимание и од присутните и корисниците на социјалните мрежи.
Имено, Ирина на трката во Мајами се појави во црн, целосно проѕирен фустан, под кој носеше бела маица и гаќички, кои го истакнаа нејзиниот добро навежбан задник.
Овој, и повеќе од смел, стајлинг на егзотичната убавица го привлече вниманието на нејзините следбеници на Инстаграм, каде објави фотографии, а дел од коментарите се:
– „Ова не е издание на Формула 1“, „Следниот пат облечете се посоодветно“, „Зачудувачки, но не го сметајте ова за стилски или „тренди“ ве молам“, „Облека? – има само нешто, пред се негативни, коментари под објавата на Ирина Шајк.
фото:EPA Images/Instagram printskrin