Радио Милева

И помладите да и позавидат на затегнатото тело со мускули: Ирена Спировска на Водно се рекреираше во минијатурна спортска облека (фото)

И помладите да и позавидат на затегнатото тело со мускули: Ирена Спировска на Водно се рекреираше во минијатурна спортска облека (фото)

На велосипед, параглајдер, кајак, само со пешачење и искачување врвови – вака адреналински живее ТВ водителката Ирена Спировска.

Во здраво тело, здрав дух! Добро позната изрека која веруваме дека е примарната дезиза на Ирена.

фото: ирена спировска/инсатграм/принтскрин

Спортувањето е половина здравје, а позитивната енергија што ја носи, се рефлектира најпрвин на себе, а потоа и на опкружувањето. Со тоа пак, внатрешна убавина е гарантирана, а истата, највидлива е однадвор.

фото: ирена спировска/инсатграм/принтскрин

Овој рецепт за здрав и исполнет живот, без исклучок е принципот на Ирена, која е пример за жена што знае како да ги задоволи потребите за животен баланс. Нејзиното слободно време секогаш е организирано со агенда за планинарење и адреналин во природа.

фото: ирена спировска/инсатграм/принтскрин

Овој пат заедно со својот партнер Дишко и друпа пријатели имаа нова цел,не многу далечна – Скопско Водно, па објавија и неколку фотографии.

Кога сме кај резултатите од ваквиот стил и начин на живот, најдобар доказ е изгледот на Ирена која иако е длабоко во петтата деценија, изгледа перфектно.

фото: ирена спировска/инсатграм/принтскрин

Во случајот, кусиот црн топ кој го открива нејзиниот мускулест стомак е во фокусот на перцепцијата, но и кусите панталончиња од кои ги откри згодните и затегнати нозе.

фото: ирена спировска/инсатграм/принтскрин

Таа е позната и успешна дама со повеќе од дведецениска медиумска кариера, а за сите останати, па и помладите, може да биде пример дека годините немаат врска со активноста, убавината и ведриот дух полн со желба за нови и возбудливи животни врвови.

To top