Неодамна најавената нова песна и ново видео со наслов „Јако, јако“ на Влатко Лозаноски ја здогледаа виделината на денот. Веќе по првото преслушување станува јасно дека Лозано има уште еден голем летен хит, кој долго ќе се врти на радиостаниците.
Вообичаено, зад него стои хитмејкерот Лазар Цветковски кој ги потпишува музиката, аранжманот, миксот и продукцијата и неговата сестра, текстописецот Магдалена Ена Цветковска, која ги пее и придружните вокали. Братско-сестринскиот авторски тандем, кои со години се постојани соработници на Лозаноски.
Видеото е снимено во егзотичниот „Фантази аква парк“ во Кушадаси – Турција, под режисерската палка на извонредниот Даниел Јовески.
Во него покрај Лозано се појавува преубава девојка, за која се знае дека е модел и ТВ водителка во локалната кумановска телевизија „ТВ Плус“ и се вика Мартинија Георгиевска.
Лозаноски уште пред да излезат песната и видеото објави и неколку фотографии од снимањето на спотот, на кои како да изгледаат прилично блиски со убавата презентерка!
Оттаму и дилемата и прашањето, дали можеби покрај работата не се изродило и нешто повеќе помеѓу нив, нешто што засега се крие од јавноста? Нешто што е можеби многу појако од „Јако, јако“, иако и ова лето веројатно ќе се памти по новиот хит на Лозано!