Откако неодамна беше запросена од нејзиното долгогодишно момче Чедо, македонската ријалити учесничка и модел Елеонора Миљковиќ не се двои од него. Ниту во живо(тот), ниту на фотографии.
Така, неодамна Нора и нејзиниот избраник беа на годишен одмор на егзотична дестинација.
Расната убавица не ја пропушти оваа прилика покрај уживањето во летните, морски содржини, повторно да им приушти на своите Инстаграм следбеници и тие да уживаат во нејзините телесни убавини. Се разбира, споделувајќи го сиот свој телесен раскош во секоја пригода, без оглед дали е на суво или во вода.
Дали седната на лулашка малку да се полула и испозира…
…Легната на лежалка последните сончеви зраци да ги апсорбира додека се фотографира…
…Или влезена во морето до препони, како морска сирена фатена во мрежа крај брегот…
Едноставно македонската ријалити ѕвезда е повеќе од секси во секоја прилика, на секоја нејзина слика. Елонора со секоја поза нуди повеќе од доволна доза на возбуда и еротски набој како ретко која друга.
Но, полните очи „влажни машки погледи“ остануваат само пуста желба, а секоја друга помисла би била мисла на грешник…
Зашто повеќе од јасно е дека расната скопјанка му припаѓа само на еден среќник.
По одморот која можеби беше и еден вид генерална проба за медениот месец што вљубените гулапчиња ги очекува по свадбата, која според најавите на Нора треба да се случи ввеќе во октомври 2022, скопската убавица дома славеше роденден.
Популарната Нора на роденденската забава изгледаше колку елегантна, толку предизвикувачки и секси. Убавицата облече фустан кој ја покажа нејзината совршена фигура и бујните облини, кои онака заруменети од одморот, дискретно ѕиркаа од деклолтето.
На дамите не им се бројат годините иако Миљковиќ не ги крие. За роденденската торта задолжен вереникот, како и за подигање на атмосферата на роденденот.
Тој во улога на водител, а распложената славеничка се обиде и како пејачка.
Журката на ниво(у), друштвото и атмосферата исто така, а среќната и весела домаќинка…
Подеднакво уживала како во одморот, така и во роденденската забава…
Како генерална проба за свадбата и медениот месец што наскоро неа и избраникот ги очекува!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__