Атрактиваната фолк пејачка Милица Тодоровиќ проговори за непријатностите на настапите кои ги доживеала во текот на кариерата.
Згодна, привлечна, сексапилна, неретко провокативно облечена на настапите, русокосата фолкерка имала неколку инциденти, кои самата ги решила во дадениот момент.
„Некогаш го прекинувам настапот, понекогаш враќам со иста мерка… Како кога со нешто ќе ме гаѓаат на бина, тогаш јас им враќам со истиот предмет. Можеби ми се случило два-три пати. Мислам дека едно момче ме гаѓаше со кутија цигари, потоа еднаш ме погодија со коцка мраз и еднаш ме удрија во коленото со шише виски“ – се присети Милица, а потоа раскажа како се справила со момчето кое сакало да ја фотографира нејзината интимна регија.
„Едно момче ми го пикна телефонот буквално под фустанчето. Прво го клоцнав во раката, а потоа му реков „Тргни се да не те скршам сега!“ Јас ја имам таа момчешка природа, сакам да се степам. На крајот му го фрлив неговиот телефон во публиката.
Кога работиш во клуб, кафеана, кафуле, има алкохол. Фала му на Бога, не сум имала посериозни ситуации, каде имало вадење ножеви или пукање“ – заклучила таа.
Фото: Инстаграм принтскрин/milicatodorovicofficial