Аферата „Рекет“ не престанува да биде во фокусот на регионалните медиуми. Така српски “Курир“ обелодени уште една шокантна вистина. Имено, српскиот портал на својата насловна страница пишува дека првоосомничениот за случајот Рекет, Боки 13 всушност го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра, меѓу другото и за да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, многу блиска пријателка, пејачката Јелена Карлеуша.
Како што објави порталот, Боки 13 во неколку наврати позајмувал пари од Карлеуша, а кога западнал во тешки финансиски проблеми, се здружил со одредени политичари од македонскиот политички врв, како и обвинители, за да го рекетираат Камчев.
„Карлеуша и Боки 13 се познаваат долги години, а беше близок и со нејзината мајка Дивна, од која најчесто и позајмуваше пари. Кога влезе во големи долгови и кога естрадната кариера не му одеше баш најдобро, реши на лесен, но, валкан начин да дојде до големо богатство. Тоа би му ги решило сите проблеми, барем така мислеше. Така би ги вратил на Карлеуша парите кои и ги должи, ќе го покриеше минусот кој го има во банка, а остатокот би го искористил за бизнис кој би му донел пари, додека половината би требало да ги подели на сите останати кои се вмешани во аферата „Рекет“ – вели извор за српски „Курир“.
Воден од оваа идеја Боки „Тредичи“ почнал да преговара со Камчев. Почетната сума која ја побарал од бизнисменот е 8 милиони евра, за на крајот да добие 1,5 милиони во кеш, спакувани во торба Луј Витон, во која бил вграден уред за следење. Снимката на која Боки 13 ги зема парите од Камчев ја објави пред една недела италијанскиот весник „Ла Верита“. На 4 март Камчев беше ослободен, а пред еден месец Боки 13 беше уапсен на граничниот премин Богородица, и во моментов е во затворот во Шутка, како првоосомничен за случајот „Рекет“, додека аферата добива се поголеми размери и станува се позамрсена.