Ким Кардашијан традиционално го слави Божиќ во својот дом, а како и секоја година, старлетата го уредува по нејзин вкус.
Меѓутоа, оваа година, откако на своите обожаватели им покажа што решила да направи – сите се шокирале и „удриле“ по неа.
„Во мојата куќа сè е минимално“, напишала Кардашијанката на почeтокот на видеото кое го објави на социјалните мрежи, а на кое се гледа како изгледа нејзиниот дом.
Ким објасни и што сакала да постигне со таа декорација:
„Мислам дека хаосот во светот е толку голем, што кога ќе се вратам дома сакам да биде навистина тивко и сакам сè да изгледа смирувачко“.
Сепак, ова видео не им се допаднало на нејзините фанови, па следувале брутални осуди.
„Ова навистина личи на „5 пари“, „Толку пари и толку ништо“, „Наместо пијанист, можела да ангажира дизајнер на ентериер“, „Каква лоша декорација за богат човек“, се само дел од коментарите.
фото:Инстаграм оринтскрин