Деновиве поп пејачката Јелена Карлеуша се наоѓа на мета на скандалите поради експлицитните фотографии кои наводно ги праќала на босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.
Многумина колеги ја подржаа Јелена Карлеуша, а меѓу нив и нејзината пријателка Дара Бубамара.
„Тоа се обични глупости, измислици. Сите знаеме од каде се тоа потекнува. Уште една лоша намера. Уште полошо е што се започна на Божиќ. Секако дека не верувам на тие измислици и верувам на неа. Го подржувам нејзиното семејство и нека се издржи “ вели Дара.
И на „Инстаграм“, Дара се огласи и ја подржа својата колешка.
„Моја Јелена, те сака твојата другарка, ја имаш мојата поддршка, никој не ти може ништо, те чекаат нови песни, концерти, успеси“ напиша Дара на социјалните мрежи.