Милена Антовска- Станковска пред некоку месеци не беше задоволна од нејзиниот изглед по второто породување, но тоа сега веќе е минато.
Убавата водителка на утринската програма на „Канал 5“ телевизија, во последно време честопати е навлечена на куси здолништа кои ги истакнуваат нејзините совршени долги нозе, а токму поради тој изглед е редовна тема во медиумите.
Таа се појави во мошне елегантно издание и на манифестацијата „Златна Бубамара“ каде доминираше со нејзиниот моден избор, па се прошета низ салата „Борис Трајковски“, а од обожавателите доби позитивни коментари дека изгледа „топ“, „најдобро до сега“.
Таа неодамна тоа и го докажа и покажа дека е достојна на имиџот дури и на врнежлив ден, објавувајќи селфи фотографија од лифт со мини здолниште.
Повеќе од јасно е дека нејзин заштитетн знак се нозете , па овој пат водителката додаде уште еден интересен детаљ и докажа дека не му се плаши на дождот.
Миничот овој пат го замени со пурпурни килоти панталони , а ги надополни со сандали во потемна пурпурна нијанса, па на шеговит начин напиша: „И да врне и да вее и бура да коси сандала мора да се носи“ – додавајќи насмеан емотикон.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска