Вчера низ светските медиуми се прошири веста дека еден од најдобрите тенисери на сите времиња наскоро ќе стане татко, а денеска пристигна и официјалната потврда.
Рафаел Надал по триумфот на Ролан Гарос замина на заслужен одмор. Неговото друштво како и секогаш го придружува сопругата Чиска која ги израдува папараците кога ја препознаа на палубата на јахтата.
Иако избраничката на Рафа беше далеку од фотографските објективи во тоа време, на сликите кои стигнаа до магазинот Hola! стомакот е јасно видлив во првите месеци од бременоста.
Бидејќи радосната вест ја потврди истиот весник, таа може на мир да облече костим за капење и да ја истакне својата силуета. Во Париз, носеше широки фустани, бидејќи веројатно не сакаше величествената победа на нејзиниот сопруг да падне во втор план.
Како што пишува најпопуларниот шпански неделник, парот деновиве крстари по Мајорка, островот од кој доаѓаат и двајцата, со нивниот брод вреден пет и пол милиони евра.
фото:Getty images/Hola