Радио Милева

Хурем Султан и Северина се пријателки: Турската актерка јавно и се обрати на пејачката (видео)

Хурем Султан и Северина се пријателки: Турската актерка јавно и се обрати на пејачката (видео)
фото:петар ѓорѓевиќ/гети/гуливер

Пејачката Северина одржа голем концерт во Белград во „Штарк Арена“, а покрај огромната поддршка од фановите, пријателите и колегите, таа има и еден специјален обожавател.

Станува збор за турската актерка Мерием Узерли, попознат како Хурем Султан од серијата „Сулејман Величествениот“.

фото:мерием узерли/инстаграм

Имено, по повод турнејата на Северина, Мерием на социјалните медиуми се огласи пред концертот со кратко видео во кое се извини дека нема да може да присуствува на концертот на нејзината пријателка во Белград.

– Најголема желба ми беше да присуствувам на твојот концерт вечерва, но за жал не сум во можност да присуствувам. Се надевам дека ќе се видиме наскоро и ќе дојдам на некој друг настап – рече турската актерка и посака се најдобро.

Имено, Марием морала да биде со семејството, ќерката и не може во моментот да ја напушти и да дојде во Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Останати вести од Радио Милева