На 2 август, од 22 часот, во Античкиот театар во Охрид ќе се одржи вистински летен спектакл. Концерт ќе одржат Хуан Аткинс и Македонската филхармонија, предводена од маестро Џијан Емин. За помладата публика истата вечер диџејот Џеф Милс ќе има свој сет на плажата кај хотел „Парк“.
Според организаторите овој перформанс ќе биде едно неверојатно патување кое ќе овозможи класиката да се збогати со електронски призвук, со што ќе се создаде уметничко дело од светски размери.