Хрватскиот стилилист и реалити ѕвезда Невен Цигановиќ често знае да упати критики за јавните личности од Хрватска.
Меѓутоа, сега ја прокоментира и Јелена Карлеуша.
Имено, Цигановиќ објави фотографија од Јелена Карлеуша на која носи шешир, а во описот напиша:
„За овој „must have“ тренд оваа летна сезона се погрижи самобендисаната „Модна икона на Балканот“ и истотака голем љубител на Алиекспрес. Само да знаете дека на сите социјални мрежи хит се овие шешири кои ја „штитат“ плажата од УВ зрачења. А нив може да ги најдете како оваа „модна икона“ за 10 долари“, напиша хрватскиот стилист.
Дали поп дивата ќе му врати останува да видиме.