Тереза Кесовија е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.
Имено, таа оттаму се огласи и призна дека набрзо откако го прославила роденденот на почетокот на октомври, сфатила дека болките во десната нога не престануваат и дека мора да побара лекарска помош.
-Го направив тоа во моментот кога болката стана неподнослива и не можев да заспијам поради тоа – признава Тереза.
Откако ја прегледале, лекарите и рекле дека лекувањето мора да продолжи во болница, за да се излечи тешкото воспаление на поткожното ткиво на десната нога.
– Искрено, не ми беше мило да го слушнам тоа. Некако се надевав дека ќе може без него, но им верувам на лекарите и имам голема почит за нивната напорна работа, па ги послушав, се спакував и дојдов во болница пред неколку дена – раскажува Тереза за Јутарњи.хр.
View this post on Instagram
И покрај се, таа и понатаму е расположена, а веселоста и оптимизмот по кои е позната, никогаш не ја напуштаат.
– Во најдобри можни раце сум, а и самата гледам дека ситуацијата се подобрува бидејќи ногата се помалку ме боли. Се разбира, сè уште го чувствувам, што е нормално бидејќи не е воспаление кое само ќе исчезне. Морам да пијам лекови и да легнам со крената десна нога. Морам да ја спасам таа нога, но сега се’ е подобро, па се надевам дека наскоро ќе излезам од болница – вели Тереза, a тоа и се случи бидејќи таа веќе е дома и им се заблагодари на целиот болнички персонал кои се грижеа за неа.