Софија Вергара неодамна гостуваше во една емисија на шпанската телевизија, а на мрежите почна да се шири видео клип од истата.
Имено, актерката зборувала за улогата во серијата „Модерно семејство“, но името на споменатата серија го изговарала со шпански акцент, поради што водителот ја замолил да го повтори името.
– Како се вели модерно семејство? – се обиде да ја исмејува, но таа имаше подготвен одговор.
@loquepille__ #sofiavergara #pablomotos #elhormiguero #humor #modernfamily #latam #españa #usa #polemica ♬ sonido original – loquepille_
Наместо тоа, Вергара почнала да зборува на шпански и го прашала дали нешто погрешно изговарала.
– Дали затоа што зборуваш англиски подобро од мене? – додаде актерката. Но, и таа не застана тука, па го праша колку номинации добил за Еми и Златен глобус, алудирајќи на големиот број што произлезе од нејзината вклученост во серијата снимена од 2009 до 2020 година.
Фото: printskrin/instagram/sofiavergara