Хелена Топаловиќ, ќерката на фолк пејачот Милан Топаловиќ Топалко, заедно со наследничката отпатува за Австралија, каде ја пречекал сопругот Драган Алексиќ.
Драган има бизнис во Сиднеј, како и вила, а двајцата решиле да му се придружат и февруарските денови да ги поминат заедно, во потоплите краишта.
Хелена уживала во летот во прва класа, а нејзината наследничка останала будна до доцна во ноќта играјќи во авионот.
Кога конечно пристигнале, ја искористиле можноста да гледаат цртани филмови, а Драган уловил симпатична сцена додека си играле.
Хелена со задовоство пред следбениците се пофали и им го покажа прекрасен имот во луксузното одморалиште во Австралија.
Фото: printskrin/instagram/