Хелена Топаловиќ ја потврди веста дека го очекува своето прво дете со сопругот Драган Алексиќ.
Имено, таа на Инстаграм објави фотографии од „Baby shower“ на кои имаше балони во сина и розова боја, но не го откри полот на бебето.
Хелена се снимаше себеси, додека насмевката од лицето не ја тргаше, а го покажа и трудничкиот стомак.
– Пред се.. За добар брак се потребни двајца добри.. Јас живеам и сега, како и секогаш, максимално сакана и згрижена. И второ.. Благодарам на мојот најдобар сопруг и благодарност до моите најдобри родители за нивната безрезервна поддршка. Нашата среќа стана уште поголема – напишала во описот
View this post on Instagram
Во оваа прилика се огласи и нејзиниот татко Милан Топаловиќ Топалко кој откри каков според него ќе биде неговиот зет како татко.
– Се радувам. Јас бев таков татко кога Хелена беше мала, што ја носев на училиште секој ден до четврто одделение, а никој во училиште не ме викаше по моето име, туку сите ми се обраќаа со „тато“, па мислам дека тоа кажува многу каков дедо ќе бидам.
Да потсетиме, Хелена во 2021 година се омажи за бизнисменот Драган Алексиќ, чиј идентитет и денес го крие. Тој има ќерка од првиот брак со водителката Јелена Димитријевиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм