„Рада веќе еден месец престојува кај нејзиниот татко во Четерез и постојано работи нешто околу куќата. Сепак, пред десетина дена, Харис дојде кај неа, да го поминат времето заедно. Уште првиот ден, тој се фати за работа и многу му помага на таткото на Рада, па дури и ја копаа градината заедно.
Вечераат, седат во дворот, пијат ракија… Сега тоа е добра можност за таткото на Рада да го убеди Харис да го израдуваат со внуче што е можно поскоро, бидејќи тој е воодушевен од неговиот иден зет. Мислам дека уште десеттина дена тој сигурно ќе биде во Четерез, сè додека трае карантинот, бидејќи сега не може да се врати во Босна кај своето семејство“ – изјавил извор за „Стар“, а убавата пејачка ги потврдила неговите зборови.
„Да, Харис е со мене во село. Па, мислите ли дека би можеле да бидеме разделени толку долго ?! Полна ни е куќата, не ни досадно, подобро ми е вака, отколу да бидам затворена во стан“ – ќе изјави пејачката за „Стар“, која и покрај карантинот е среќна и задоволна.