Радио Милева
вистина

„Харис и јас не сме повеќе заедно!“ – Рада Манојловиќ го потврди раскинувањето и им испрати порака на обожавателите (фото)

„Харис и јас не сме повеќе заедно!“ – Рада Манојловиќ го потврди раскинувањето и им испрати порака на обожавателите (фото)

Веќе подолго време во медиумите се шпекулираше за раскинувањето на популарната пејачка двојка Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ, а сега пејачката реши да ја открие вистината.

– Јас и Харис повеќе не сме заедно – напиша вечерва Рада Манојловиќ на својот Инстаграм профил.

– Им благодарам на сите наши заеднички фан страни за поддршката и му посакувам се најдобро во животот и кариерата! – додаде пејачката.

– Нема да коментирам многу, како што не коментирав ниту за време на врската. Благодарам – заклучи Рада.

Да потсетиме, во медиумите доста се шпекулираше дека љубовта на пејачката Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ наводно „пукнала“ поради нејзината поврзаност со поранешното момче Милан Станковиќ.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Даргана Удовиќиќ

Останати вести од Радио Милева