Како и сите естрадни личности, српскиот пејач Харис Џиновиќ при прва прилика кога се појави во медиумите, сакаше да зборува за својата музика, а не за приватноста. Сепак, она за што периодов е актуелен е разводот од сопругата Мелина со која беа во децениски брак и повеќе од 20 години во љубов.
Харис беше гостин во емисијата „Премиера викенд спесијал, а водителот го прашал како го коментира тоа што неговата ќерка Џина Џиновиќ е многу интересна за медиумите, на што тој одговорил дека нема проблем со тоа и ако на медиумите им се допаѓа тоа, треба да продолжи да го прави тоа. А потоа дошло време за прашањето за неговиот брачен статус, на кое пејачот само кратко одговорил:
View this post on Instagram
„Не сакам да зборувам за тоа. Нема смисла да ме прашувате за моите приватни работи. Многу луѓе ми се јавија, но нема да коментирам за тоа. Не разговарам со моите деца за оваа ситуација, а ниту со Мелина, прашајте ги нив. Ништо не знам и мене ништо не ме погодува“, изјавил Џиновиќ во емисијата.
фото:Instagram printscreen/ harisdzinovic_official/ melina.dzinovic.fp