Харис Берковиќ изгледа ја преболел Рада Манојловиќ, па неодамна се фотографираше со атрактивната русокоса за која многумина веруваат дека е неговата нова девојка.
Имено, на социјалната мрежа „TikTok“, мистериозната девојка објави преписка со Харис, како и селфи во тоалет на еден ресторан.
Инаку, оваа фотографија се појави во време кога се сè погласни гласините дека Рада се смирила со Милан Станковиќ.
– Мојот љубовен статус е ист. Не можам да откријам… Молчам, но кога ќе прозборам… Наскоро ќе ви претставам нови песни, и ново-стар дечко (смеа) – изјави Манојловиќ.
Инаку, Рада по раскинувањето имаше неколку заеднички настапи со Харис, што можеше да се види од видеата кои се појавија во медиумите претходните денови.
Фото:Принтскрин/Приватна Архива/Немања Николиќ/Дамир Дервишагиќ