Принцот Хари и Меган Маркл тврдат дека го загубиле своето бебе поради стрес. Ваквата информација е изнесена во една од последните епизоди на нивната документарна серија на „Netflix“.
Според нивните зборови, силниот стрес кој наводно резултирал со загуба на бебето, го предизвикала парницата против британскиот „Daily Mail“.
Овој податок го изнел принцот Хари, опишувајќи дека неговата сопруга, откако станала војвотка од Сасекс, не можела да се справи со притисоците од британските медиуми кои, како што навел, „ги следеле на секој чекор и ја оцрнувале Меган“.
View this post on Instagram
„Верувам дека мојата сопруга доживеа спонтан абортус поради она што „Daily Mail“ ѝ го направи. Целата ситуација се одвиваше пред моите очи“, рекол принцот и додал дека Маркл доживеала спонтан абортус првото утро по нивното нагло преселување во САД.
За потсетување, парот во 2020 година поднесе тужба против „Daily Mail“ и „Associated Newspaper“ поради објавување на писмото кое Меган му го напишала на својот татко, Томас Маркл, а тој истото им го продал на таблоидите, по што изгуби контакт со неа.
View this post on Instagram
Меган победи во судската битка и доби милионска отштета.
„Netflix“ вчера ги објави последните 3 епизоди од документарецот „Harry & Meghan“. Принцот и војвотката од Сасекс откриле нови детали од својата венчавка и заминувањето од Велика Британија, но изнеле и низа нови обвиненија на сметка на кралското семејство.
фото:Јутјуб принтскрин/Инстаграм