Душица Јаковљевиќ откри дека покрај намалувањето на буџетот, задругарите биле казнети и со одземање на правото да се видат со нивните семејства.
Имено, откако Зорица Марковиќ го прочита писмото на Големиот шеф со кое задачата „Лисицата на судбината“ беше прогласена за неуспешна, следеше жестоката одлука на големиот шеф, а нема сомнеж дека ќе направи хаос во Белата куќа.
– Тоа што нема да го добијат е она што го посакуваат апсолутно сите. Тоа е она што се плашат дека нема да го добијат. Годинава семејствата на задругарите нема да дојдат за Нова Година. Тие се самите виновни – најави Душица.
Да потсетиме дека во текот на вечерта Големиот шеф ја прогласи задачата „Лисицата на судбината“ за неуспешна затоа што на повеќето парови не им ставиле лисици за време на задачата, како и затоа што била украдена тетратката на контролорот. Задругите беа казнети со кратење на буџетот.
Но, тоа не е се’. Казнени се и Александар Зауер, диџеј Тамарис, Дама Ѓогани, Микица Бојаниќ, Лепи Миќа и Софија Уна Маниќ поради спиење по вечерното будење.
фото:Јутјуб Пинк/принтскрин Задруга