Екипата на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ продолжува со опасно темпо, па оваа сабота се емитува првата емисија од вториот круг на најпопуларното музичко натпреварување на Балканот.
Сега сѐ излегува на виделина, па лесно ќе се види колку менторите работеле со младите пејачи, но и колку натпреварувачите ги слушале и применувале се што им било кажано на пробите.
Веќе во првата емисија од овој круг започнаа жестоки расправии на жирито, а сите френетично се борат нивните кандидати да се пласираат во следниот круг од натпреварувањето. Цеца на самиот старт на шоуто многу се изнервира, па на сите им одржа лекција за паметење, но на колегите од жирито им порача да не бидат толку строги со кандидатите бидејќи сѐ уште е самиот почеток на натпреварот.
– Секако, не се согласувам со жирито, сега сите пеат како Павароти и секој како Павароти направил големи кариери, добро, тоа не е точно – изјави Цеца која не можеше да го сокрие бесот.
Како што течеше емисијата, страстите се вжештуваа, па Марија и Вики жестоко се скараа поради кандидат кој е во тимот на Виолета.
– Изгледаш како да си дојден да доставиш нечија пошта, не мислам на гардеробата, туку на говорот на телото – рече Марија.
Но, Вики не можеше да остане имуна на овие зборови, па жестоко одговори:
-Тоа момче не пее, туку гради монтажни куќи и не пее. Само што ќе почне да пее, не може се да научи за два дена – рече Вики, а Марија во свој стил ја заврши дискусијата:
– Зарем веќе почна, чавко? А ти момче разбуди се убаво или земи чекан и гради куќи – заклучи Марија.
Фото:Принтскрин/Јутјуб/ТВ Пинк