Петaр Грашо и Данијела Мартиновиќ, кои пред околу една година ја завршија својата романса, оттогаш не се виделе. Сепак, две големи хрватски ѕвезди би можеле да се сретнат на прославата на еден хрватски магазин.
Имено, Петар Грашо на споменатата прослава требаше да ја добие наградата за пејач на годината, па беше најавено неговото доаѓање. На истата прослава била поканета и Данијела Мартиновиќ. Сепак, средбата на поранешните љубовници била спречена.
Петар Грашо во текот на денот помина со сопругата Хана Хуљиќ и членовите на нејзиното семејство. Хуљиќи и Грашо гостувале на настан во Хрватска, а таа вечер сопругот на бремената Хана Хуљиќ имал закажан уште еден настан на кој тој не се појавил.
Додека Данијела Мартиновиќ блескаше на споменатата прослава, столчето на Петар Грашо остана празно, а наградата не беше врачена.
Дали Хана сакала да го држи сопругот покрај себе, исплашена од средбата на бившите љубовници или пак имало некои други причини, Петар се уште не открива во јавноста.
фото:принтскрин инстаграм/ало.рс