Радио Милева

Хакиран Фејсбук профилот на Татјана Лазаревска: Македонската пејачка жртва на сајбер криманал!

Хакиран Фејсбук профилот на Татјана Лазаревска: Македонската пејачка жртва на сајбер криманал!

Македонските, но и регионалните музички ѕвезди се повеќе се жртви на хакерите на социјалните мрежи.

Пред некое време беше хакиран Инстаграм профилот на македонската водителка Лила Филиповска која за среќа успеа да го врати и повторно да го користи својот стар профил. Тогаш таа истакна дека хакерот сакал да и ги земе следбениците и дека почнал да ги брише нејзините фотографии.

Но, хакерите бараат и други жртви меѓу јавните личности. А сега македонската пејачка Татјана Лазаревска беше жртва на сајбер криминал. Имено, нејзиниот Фесјбук е хакиран, а во соооштението на нејзиниот профил пишува:

„Почитувани! Профилиот на Татјана Лазаревска е хакиран. Сите што сакате да останете нејзини пријатели побарајте ја на новиот.

 

Социјалните мрежи се повеќе стануваат главна алатка за маркетинг и бизнис, па хакерите ги користат профилите на оние корисници кои имаат голем број следбеници или пријатели за сопствени цели.

Инаку, Татјана Лазарена летниот период престојува во Македонија каде што често настапува и се дружи со својата публика.

фото:принтскрин/фејсбук

To top