Германската манекенка Хајди Кум и нејзиниот сопруг стравуваа дека се заразени од коронавирус. Таа мислеше дека тој се разболел на турнејата, а таа на снимањето на „јас и имам талент“ каде е дел од жирито.
Хајди објави дека нејзините тестови се негативни на коронавирус, исто како и на сопругот, музиочарот Том Каулиц.
Таа веќе 14 денови е изолирана, но тестовите покажале дека се работело само за лоша настинка и дека за среќа, ниту таа, ниту Том не се заразени со опасниот вирус.
Нејзините обожаватели и посакаа побрзо закрепнување од настинката, а таа извести дека веќе се чувствува многу подобро од претходно.