Промотер

Гуру Харе се повика на фолклорната традиција, па ни ја подари – „Македонска“ (АУДИО)

Гуру Харе се повика на фолклорната традиција, па ни ја подари – „Македонска“ (АУДИО)

По соработката  со Игор Џамбазов, тамара, Нокаут, Аки Рахимовски… и своите последни соло проекти како „Карантин“ или „Реприза“, македонскиот блуз/рок гитарист и композитор Игор Атанасовски – Харе ја објави новата песна.

„Македонска“ е  широк и баладичен инструментал со препознатливи елементи од македонската народна музичка оставштина и нашата фолк традиција. Во изведбата на оваа музичка посвета на Македонија, во стилот на најдобрите теми на „Леб и Сол“, освен Гуру Харе како гитарист, автор на музиката, аранжаманот и на стиховите, уште учествуваат и Александар Јовевски на кавал, Филип Димишковски на клавијатури, Ратко Даутовски на удиралки,  а снимањето и продукцијата, плус музицирањето на тапаните е на Мите Димовски од музичкото студиото „Тралала“, каде што е снимена „Македонска“.

Дизајн и фотографијата се на Александар Даутовски – Maxxxo. Слушнета како звучи „Македонска“.

 

To top