Промотер

Гуру Харе и Аки Рахимовски премиерно ја претставуваат „Мајко“ (видео)

Гуру Харе и Аки Рахимовски премиерно ја претставуваат „Мајко“ (видео)

Како најавија кон почетокот на месец мај, така и направија. Македонскиот гитар- блуз мајстор Игор Атанасовски – Гуру Харе сними заедничка песна со легендата на екс ЈУ и регионалната рок сцена, нашиот Аки Рахимовски – вокалистот на култните „Парни Ваљак“.

Песната со налов „Мајко“ заедно со видео спот вчера (19 мај, 2019 година) беше поставен на јутјуб каналот на Гуру Харе, кој исто така во најновото издание на емисијата „Еден на Еден“ раскажа за соработката со Аки.

„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договорање и планирање, и е наблиска до некој македонски блуз. Аки сѐуште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму така. Многу пријатно се изненадив а Дики Тавитјан направи одличен аранжман, токму онаков каков што замислував“- вели Гуру Харе.

Автор на музиката и на текстот на песната е самиот Харе, а Диран Тавитјан го направи аранжманост и ја продуцираше во студио „Парамециум“.

Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров.

Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров, а го изработи „Мелем продукција“.

To top