Фолк пејачката Сања Стојановиќ строго го почитува полицискиот час и не ги крши мерките преземени од државата за време на вонредната состојба.
Тоа, таа најпрвин го покажа со фотографија од спалната соба, која цицлестата „Гранд ѕвезда“ ја сподели на својот Инстаграм профил.
За не биде дека ова е само про-форма, Сања реши да докаже на дело дали и како го почитува полицискиот час.
И додека сите што се надвор за време на полицискиот час ги брка и бара полиција, пејачката – обратно: Во ноќните часови таа излезе и почна да ја бара полицијата… довикувајќи ја од својот балкон!