Пејачката Гоца Тржан откри дека здравствената состојба на Раша Новаковиќ е влошена и дека речиси три години не можел да свири.
– Во тој момент мојот сопруг имаше тешки повреди на зглобовите, не можеше да свири. Две-три години беше на сериозни лекови, бидејќи секој удар го болеше како да го прободуваа во зглобовите – ги откри деталите Гоца, потсетувајќи се на периодот кога здравјето на Раша Новаковиќ беше загрозено.
Парот нашол клиника каде Радомир почнал да се лекува, а како што вели Гоца набрзо се било нормализирано.
View this post on Instagram
– По првата терапија не чувствуваше болка, а по втората и третата болката целосно исчезна, не мораше да ги преврзува рацете, не мораше ништо да прави од се што правеше претходно – изјави Гоца, потсетувајќи се на еден многу предизвикувачки и тежок период за нив.
Сега оваа е зад нив и двојката продолжува да освојува нови победи, а Раша е особено благодарен што покрај себе има сопруга, која го поддржува и го придружува во се’.
фото:Инстаграм принтскрин