Наводно Ана Николиќ поднела барање за старателството на ќерката Тара која пред една година ја доби со Стефан Ѓуриќ Раста пренесува српскиот портал „Курир“.
Како што пренесува овој медиум парот комуницира единствено преку своите адвокати.
Наводно, Ана бара потполно старателство на Тара, а Раста ќе може да ја гледа само привремено, во зависност од одлуката на судот.
Ана и Раста не се огласија по повод на овие информации, а нивниот адвокат изјави:
„Не можам ништо да ви кажам. Требаше да се видам со Ана, па после тоа ќе знам што одлучила. Ви благодарам на разбирањето“, изјави адвокатот Боривоје Боровиќ.