Радио Милева
за последно

Ѓорѓе Давид жали за починатиот дизајнер Саша Видиќ, но искрено посочи дека „му бил изгубен компасот“

Ѓорѓе Давид жали за починатиот дизајнер Саша Видиќ, но искрено посочи дека „му бил изгубен компасот“
фото:ѓорѓе давид/инстгарам принтскрин

Српскиот креатор и стилист Саша Видиќ почина вчера на 52-годишна возраст во Белград.

Саша беше примен во многу тешка општа состојба, приклучен на вентилатор и имаше почетна фаза на сепса. Инаку, Видиќ последните месеци имаше проблем со црниот дроб.

Се чека дали семејството ќе побара обдукција.

За смртта на Саша Видиќ коментираше и Ѓорѓе Давид:

-Жал ми е, мислам дека во последно време немаше уреден и пристоен живот. Во еден период, на почетокот на 2000-тите, имавме навистина прекрасни моменти кои ги поминавме заедно, по што мислам дека тој го загуби компасот. Многу ми е жал, тоа е единственото нешто што можам да го кажам, изјави Ѓорѓе Давид.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева