Изминатата сабота за струмичанката Славица Ангелова беше ден во нејзиниот живот кога возбудата и еуфоријата беа до плафон. Славица победи во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ и и’ донесе победа на Македонија.
Од „Гранд“ продукција освои награда автомобил, песна и спот, а исто така и маркетинг кој го доби и се уште ќе го добива од продукциијата.
Кога нешто убаво ни се случува, сите сакаме тоа да го споделиме дома, со најблиските, а дома за побеничката Ангелова е назад во Македонија, нејзината родна Струница, пред струмичани. Токму нејзините ќе ја пречекаат победничката вечерва(вторник) во градскиот парк во Струмица, а таа гордо и со ежење од убаво ќе ја сподели возбудата и еуфоријата која и се случи во Белград.
Благодарна за поддршката, дадените гласови и вербата дека во неа има голем талент и ѕвезда која допрва треба да блесне, Славица ќе излезе пред својот народ.
Успехот со Ангелова ќе го сподели и човекот кој сите месеци наназад и беше најголема поткрепа, менторот Ѓорѓе Давид кој со својот автомобил тргна кон Македонија ден порано пред големиот пречек со сограѓаните на победничката.
Возвудата на сцената на „Гранд“ беше до врв, но веруваме дека за Славица пред македонската публика ќе биде исто толку интензивна, ако не и поголема.
фото:Инстаграм принстскрин/Салвица Анделова