Наследникот на еден од нашите најдобри ракометари, Стојанче Стоилов и на неговата сопруга Деница,слевеше роденден. Малиот Бојан повеќе не е бебе, туку потпораснато двегодишно детенце.
Мама и тато беа пресреќни на овој голем ден- роденден, поканија гости, нарачаа торта според она што најмногу го привлекува малиот Бојан, а останатото доаѓа природно, среќа и радост на која и нема крај…
Тато Стојанче по пракса остана резервиран за откривање детали во јавноста, па како и секогаш тоа за него го направи неговиот брат Стефан кој објави една роденденска фотогрфија и го честиташе роденденот на внукот.
За потсетување, Стојанче и Деница се венчаа во 2019 година по кратка врска, а поради корона вирусот направија само интимна прослава со најблиските.
Набрзо потоа во месец август 2020 година пристигна и наследникот кој е сега е центарот на нивниот универзум.
фото:Инстаграм принтскрин