Радио Милева
распеана бејбиситерка

Горда сестра, горда тетка: Тијана го доби најодговорниот ангажман во евровизискиот тим! (ФОТО)

Горда сестра, горда тетка: Тијана го доби најодговорниот ангажман во евровизискиот тим! (ФОТО)

Македонскиот евровизиски тим на чело со Тамара веќе е во Тел Авив.

Подготовките наголемо течат,  се одвиваат првите проби, а паднаа и првите интервјуа кои нашата годинешна евровизиска претставничка ги даде за многубројните медиуми.

На првата од пробите, неофицијално слушнавме како испеа, а премиерно го видовме и евровизискиот костим на Тамара…   И може да се каже дека во старт сме многу горди!

Она што остана дилема се домашните, односно семејните обврски на пејачката. Или поточно прашањето, кој ќе ги чува Дарен и Хана додека од дома е отсутна мама?

Децата фала Богу имаат и татко, а и баби и дедовци на располагање… Арно ама, пред сите нив, предничи една, зашто само една е тетка.

Така тетка Тијана покрај позирањето во видеото за „Proud“, доби уште еден евровизиски ангажман. Ако не најтешкиот, тогаш сигурно најодговорниот: Да ја менува мама барем кај Хана, додека Тамара е на Евровизија!

А гордата и искусна тетка сериозно си ја сфати задачата, па своето најсилно оружја – песната, го употреби како анимација и занимација при чувањето на внуката!

„Johny, Johny – Yes papa…“ – најдобрата песничка за деца сигурно ќе ја заврши работата… Барем сега за сега!

Но, по се изгледа дека изборот на Тијана за извршување на најкомплексната „евровизиска задача“ не е ниту случаен, ниту од немајкаде, напротив!

Тета Тијана уште од малечка покажа афинитети кон оваа света должност. Тогаш тоа немаше врска со Евровизија, ама ја имаше иста функција како и денес. Само што во прашање не беше внуката, туку помалата сестричка, денес наша евровизиска претставничка – Тамара!

Тета тогаш собираше приправнички стаж, со нејзиниот Вук дипломираше, а сега со Хана – докторира на тема, чување деца во отсуство на родител!

„Тета, Тијана – јес Хана“?  Бејбиситер без мана!

 

 

Останати вести од Радио Милева