Македонската фолкерка Татјана Лазаревска заедно со нејзиниот сопруг Новица Василевски и синовите веќе неколку години живеат во Австралија.
Иако, Лазаревска е одалечена илјадници километри од својот роден крај, таа секогаш кога има прилика доаѓа во Македонија, особено за летниот период.
Лазаревска често е активна на социјлните мрежи и оние кои ја следат нејзината кариера имаат прилика да дознаат за активностите на пејачката, но и за нејзините случувања од прватниот живот. Па така, некогаш имаме прилика да видиме како македонската фолкерка ги угостила во својот дом колегите од македонската јавна сцена.
Меѓутоа, деновиве Татјана се пофали со приватна случка која сигурно ја направи горда како мајка. Имено, нејзиниот син Стефан стана полуматурант, а по тој повод фолкерката објави неколку фотографии на социјалните мрежи, а во описот на истите се пофали дека нејзиниот син слави полуматура.
За прославата на Стефан, специјално од Македонија дојде и мајката на Татјана Лазаревска.
Под фотографиите се нижеа само убави честитки за успехот на Стефан, а веруваме дека Татјана и Новица се горди и среќни родители на својот наследник.
За потсетување, Татјана и Новица пет години живеат во Австралија, а освен синот Стефан, го имаат и помалиот син Петар.
фото:фејсбук