Секој родител е горд кога децата нижат успеси и добри резулатати, а посебно кога постигнуваат добри остварувња во образовниот процес.
Весна Бејби Петрушевска на социјалните мрежи се пофали дека нејзиниот син стигнал до полуматура.
На социјалната мрежа Фејсбук таа сподели фотографија од Кирил и напиша:
-Лево е Кирил кога се сретнавме, не го даваше Вини Пу, десно е Кирил денес се сликаше за полуматура, искрено без никакви патетики ама цел живот ми се …златно дете…како баба ми се почуствував денес, му велам “Гледај факултет заврши“.
А веднаш пристигнаа и првите честитки. „Честитки до полуматурантот и да те радува на секое поле“, „Среќна полуматура“, „Колку брзо растат не сме свесни“, „На свадба и на дипломска да му играме“, се некои од коментарите.
фото: Фејсбук