Познатиот охриѓанец, победникот од 2017 во “Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески покажа дека е горд постар брат на успесите на својата сестра.
Имено, тој на социјалните мрежи се пофали дека неговата сестра Марија станала дипломиран градежен инженер.
Братот и сестрата позираа заедно, насмеани и среќни за убавиот ден кој го дочекаа и што сега во семејството имаат градежен инженер.
Ристе претходно почесто ја покажуваше помалата сестра Анастасија која многу сака да се фотографира со својот познат батко, додека постарата Марија досега немавме многу можност да ја гледаме да се експонира јавно.
Ристески се богато семејство со три деца, а успесите на секое од нив ги прави почесто да имаат причина за слевење на нивните успеси и достигнувања.
Честитки!
фото:Инстаграм принтскрин