На социјалните мрежи кружи фотографија од учебник за петто одделение на која има стихови од песната на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Фотографијата со стихови од песната „Лепи громе мој“ направи вистинска бура на социјалните мрежи. А од учениците се бара да ги подвлечат именките во поезијата на популарната музика.
За овој случај се огласи и пејачката која има духовит коментар:
„Зарем мораше тој стих, има и подобри, нели?, напиша Цеца на социјалните мрежи.