Рокерот од Македонија, Горан Мишев – Мишка, блесна во третиот круг на регионалното музичко талент шоу за повозрасни „Никогаш не е доцна“, кога ја изведе песната „Липе цвату“ од „Бијело дугме“ за која доби неверојатни пофалби од жирито, што му даде ветар во грб да продолжи да работи како досега, затоа што тоа Мишка го прави брилијантно.
Без лажна скромност, ветеранот ги сподели првите впечатоци за „Гранд“ и призна дека ова е неговиот најдобар настап досега.
„Задоволен сум, добро испадна. Беше подобро од првиот и вториот круг, ма беше одлично“ – ќе рече Мишка, кој веќе стана популарен не само во својот град, туку и пошироко, во цела Македонија, па и во регионот, но сета популарност би ја заменил само да му се исполни една желба за која сонува со години.
„Ме препознаваат на улица, не само во Велес, ми се јавуваат од цела Македонија. Најголема желба е ова да го слушне Бреговиќ или некој друг од ‘Бијело дугме’, дека повеќе би сакал да изведам една песна со него, отколку да работам секој викенд… тоа е мојата најголема желба“ – искрено ја отвори душата ветеранот што се би дал се за да го запознае својот идол.
„Го следам Бреговиќ од кога паметам за себе. Првата песна што ја слушнав беше ‘Битанга и принцеза’ и оттогаш го сакам ‘Бијело дугме’. Ако се качам на сцена со нив ќе ми биде остварување на животниот сон и мислам дека нема да ги посрамотам, зашто можам да го донесам она што ти его свират“ – тврди Мишев.
Во видеото подолу дознајте која песна на „Бијело дугме“ му ја запеа Мишка „на суво“ на Брега, со надеж дека можеби сепак ќе го слушне и ќе му ја исполни животната желба… Впрочем, „Никогаш не едоцна“, зарем не?