Пејачот Љуба Перучица и неговата Катарина Колозеус предизвикаа лавина од коментари кога на „Инстаграм“ објавија фотографија на која се речиси голи.
Имено, тие се фотографираа додека уживаат во запенета када.
Најверојатно парот вака го прославиле „Денот на вљубените“.
-Не е важно кој е датум, ни дали саканата личност денес ќе ви донесе подарок или цвеќе. Многу е важно секој ден да се чувствувате сакано и среќно, да сте секогаш насмеани и заљубени и во нечија прегратка да се чувствувате сигурно и спокојно, како јас во неговата, напиша Катарина во описот на фотографијата.
Љуба и Катерина се венчаа на крајот на 2019 година.
фото: принтскрин/инстаграм