Радио Милева „емпатија не постои“

Големо признание на Марија Шерифовиќ: „Вистина е тоа што се зборува, не е лага“

Големо признание на Марија Шерифовиќ: „Вистина е тоа што се зборува, не е лага“

Пејачката Марија Шерифовиќ во неколку наврати се најде во центарот на чаршиските приказни, со кои таа храбро се носи и ретко ги коментира. Сега решила да стави точка на еден од нив со признание.

Таа гостуваше во новогодишна емисија каде зборуваше за многу животни ситуации и помошта која им ја дава на другите.

– Мислам дека сме многу себични. Повеќето луѓе денес немаат време да почувствуваат и препознаат нешто. Емпатијата не постои, нема време за ништо. Сè е брзо, сите брзаат. Човечките чувства станаа неважни. Тоа е неверојатна глупост. Нада е колешка на мајка ми, така ја запознав и ѝ помогнав колку што можев. Мајка ми Верица ги следи сите вести од РТС и К1 телевизија, и преку други медиуми. Таа инсистира да ги има сите кабелски оператори во куќата за да не пропушти канал. Верица стана вистинска пензионерка, па и таа почнува да се впушта во такви размислувања. Тоа не е шега. Сега гледам што се случува во куќата. Официјално е во пензија од декември годинава, ја доби првата пензија – изјави за Шерифовиќ за телевизијата К1 и со тоа ги потврди гласините дека му го спасила животот на синот на Нада Топчагиќ.

Имено, синот на пејачката, Мирослав Ѓорѓевиќ едвај преживеал во 2010 година по тешките физички повреди додека скијал на Јахорина, каде лекарите се бореле да му ја спасат десната нога, а Марија и понудила на Нада да и испрати хеликоптер, за што и е вечно благодарна.

фото:К1/принтскрин

To top