Радио Милева

Голем трошок: Eве каков подарок ќе добијат Александра и Филип од Брена и Боба

Голем трошок: Eве каков подарок ќе добијат Александра и Филип од Брена и Боба

Свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ е закажана за 21 јуни, а младиот пар не ни може да претпостави какво изненадување ги чека.

Како што пишува Курир, газдарицата на „Гранд“ и некогашниот  тенисер на идните сопружници ќе им купат куќа каде што ќе живеат.

„Александра и Филип имаат се во животот, а нивниот живот ќе биде уште подобар кога ќе се заколнат на вечна љубов. Брена и Боба се горди на нив и долго време размилуваат што да им поклонат на овој важен ден. Со оглед на тоа што Филип и Александра веќе две години живеат во стан, Брена и Боба одлучија да им купат куќа. Ни Филип, ни Александра не знаат за тоа, вели извор близок на семејстовото Живојиновиќ.

Тој потенцираше дека тие разгледале неколку куќи, а им се допаднала една на Бежаниска коса.

„Брена и Боба се сигурни дека ќе им се допадна на младенците. Станува збор за нова градба, модерна, убава, средена куќа која се наоѓа во нивна близина. Куќата има околу 250 квадрати, две спални соби, две купатила, дневна соба, кујна, но голем и убав двор. Уредена е по светски стандарди и не е евтина, вели изворот за Курир.

Идната Живојиновиќ и Лепа  Брена не беа достапни за коментар.

фото: Драган Кадиќ

To top