На 17-ти декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд – „Некст Тајм“.
Тие ќе бидат придружувани од нивниот бенд, на чело со маестралниот композитор и музичар – Николче Мицевски, со кои ќе го презентираат нивното музичко творештво, како и материјалот од нивниот последен албум „Мајка“.
Публиката со нетрпение го очекуваше токму овој момент за тие во живо и на голема бина да ги отпеат нивните најголеми хитови како што се: „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам Бабо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Кога падна на пирина“ и уште многу други.
„Пријатели ве очекуваме во голем број, да уживаме во македонска музика и музички СПЕКТАКЛ“ – порача Стефан на социјалните мрежи.
„Ве чекаме на концерт! Сметаме на вашата поддршка. Фала. 17-ти декември, „Јане Сандански“ – објави и Мартин на својот профил на Фејсбук.
Специјален гостин на концертот ќе биде еден од најдобрите вокали на овие простори, нивниот колега и многу добар пријател, Влатко Лозаноски – Лозано.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на MkTickets, како и во повеќето градови во Македонија.