Една од најгледаните забавни емисии на „Канал 5“, „Голден карпет“ на 5 ноември, недела во 19 и 30 часот започнува со новата четврта сезона, во која се најавуваат многу позитивни промени како и ексклузивни гости, игри, предизвици и ново студио.
Изминативе години во „Голден карпет“ ги гледавме најпопуларните музичари, највлијателни доктори, најуспешните актери, најтрофејните спортисти и најеминентните политичари од Македонија и регионот.
Како и до сега Миро Кацаров е домаќин, а друштво и оваа година ќе му прават две дами кои ѝ се добро познати на македонската јавност. Инфлуенсерката Ивана Јанковска останува во тимот, а се приклучува мисицата Моника Црнокрак на која ова ѝ е прво телевизиско искуство. Комичарот и актер Бојан Велевски исто така го засилува тимот со своја рубрика која ќе ја има секоја недела во 19 и 30.
Инаку Моника е постарата од двете ќерки на Светлана и Мики Црнокрак, сопственици на најпознатото модно студио кај нас, која наследувајќи ги не само гените за убавина туку и дарот за занимавање со манекенство.
Во манекенските води има освоено и неколку титули за убавина.
Паралелно со тоа, младата наследничка студираше и на Економскиот факултет при државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде пред две години, поточно во ноември 2021 година дипломираше со чиста 10-ка и себеси, но и на семејството Црнокрак му донесе уште едно признание и голема радост.
Останува да го проследиме нејзиното телевизиско деби на „златниот килим“на кој се надеваме дека ќе му даде новаводителска свежина!
Фото: Приватна архива