Радио Милева
храбра креација

Гол стомак и без градник: Нина Сеничар доминираше на Оскарите во природно издание од глава до петици (фото)

Гол стомак и без градник: Нина Сеничар доминираше на Оскарите во природно издание од глава до петици (фото)

Синоќа во театарот Долби во Лос Анџелес традиционално се одржа 95-тото доделување на Оскарите, а на тепихот во боја на шампањ прошета познатата Србинка Нина Сеничар, која на свеченоста се појави со сопругот Џеј Елис. Продукцијата „Сите во исто време“ зеде најмногу награди, меѓу кои и златната статуа за најдобра женска улога, која и припадна на Мишел Јео, 60-годишна актерка со многу интересна животна приказна.

Како и секоја година, ѕвездите се потрудија да остават впечаток, некој позитивен, некој негативен, а по свечената церемонија како и секогаш се одржа забава на „Венити фер“. Меѓу многуте познати гости, на гала настанот се појави и Нина Сеничар во придружба на нејзиниот сопруг Џеј Елис. Познатата манекенка, водителка и неодамна актерка се одлучи за повеќе од храбра креација. Зелениот фустан со шлицови на предната страна ги откри совршените стомачни мускули на убавата Новасаѓанка, а богами и нејзините цврсти гради, бидејќи таа не носеше градник.

Како и обично, таа ја виткала косата и ја пуштила на рамената, шминката и накитот беа суптилни, истакнувајќи ја природната убавина на Нина. Нејзиниот сопруг, актерот Џеј Елис, со кој има ќерка, се одлучи за нешто помалку конзервативен модел на одело со патент.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева